TTA

НОВ ПРОЕКТ: „ Подобрување на вештините на млади модни дизајнери, студенти по моден дизајн и старт-ап претпријатија во прекуграничниот регион и воспоставување на заеднички простор за работа и обуки (Заеднички простор за работа и обуки)” 

ФИНАНСИРАН ОД : Interreg IPA CBC Програмата Р.Грција – Р. Северна Македонија 

ДЕН НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ : 19 .11.2021 г 

 ДЕН НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ : 19. 05.2023 г 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 18 месеци 

ПАРТНЕРИ: 

Центар за доживотно учење на регион Централна Македонија, Грција 

Асоцијација на грчката модна индустрија (SEPEE) – Грција 

Трговско Текстилно Здружениетекстилен Кластер , Република Северна Македонија 

ПРОМО ИДЕЈА Струмица, Република Северна Македонија 

ЗА ПРОЕКТОТ 

Проектот има за цел да создаде Заеднички простор кој ќе дејствува како центар за вработување со прекуграничен карактер, нудејќи интегрирани и иновативни услуги за поддршка, алатки и знаење за професионалците и потенцијалните модни претприемачи. Заедничкиот простор за работа и обуки ќе дејствува како единствен центар кој ќе ги обедини сите засегнати страни вклучени во модната индустрија, обезбедувајќи им нови вештини за обука и професионални компетенции. Исто така, ќе ја олесни размената на иновативни идеи и одржливи методи, ќе го подобри трансферот на know-how и ќе промовира креативно размислување и развој. 

Фокусот на проектот е на наставниот параметар , градењето на капацитетите на човечкиот потенцијал, особено на младите образовани дипломци кои се значаен дел од националната работна сила на двете земји. Секторот има потреба од квалификувани вработени и работодавачи, како и од конкурентни услуги. 

Општата цел на проектот е да одговори на заедничките прекугранични предизвици на модниот сектор преку воспоставување на Заедничкиот простор за работа и обуки и антена што ќе ги поддржува малите и средните претпријатија и младите дипломирани студенти во модата и модните сектори (обувки, кожа, накит). 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ: 

Резултатите од проектот го вклучуваат следново 

Извештаи за напредок, извештај за верификација на расходите, записници од 5 состаноци на проектниот тим, квалитетен план за водење на проектот и внатрешен/надворешен извештај за евалуација 

Изработка на план за комуникација и дисеминација на планирани резултати 

Идентитет на проектот со лого, слоган и сл 

Веб-страница на проектот 

Печатени и електронски информативни материјали со летоци, USB стикови, со информативен материјал, постери, брошури, електронски билтен 

–Организација на еден голем меѓународен финален настан 

– Изработка на план за капитализација и одржливост на резултатите од проектот 

-Изработка на водич материјал за консултантски услуги 

– Формирање на Заеднички простор за работа и обуки во Солун 

– Обезбедување на услуги за обука за извори на финансирање за развој и имплементација на нови деловни и извозни активности – моден бизнис менаџмент 

– Обезбедување на комбинирани услуги за е-тренинг за употреба на иновативни алатки и софтвер за моден дизајн во текстилната индустрија 

-Обезбедување на услуги за обука за технички упатства, меѓународни стандарди и употреба на одржливи материјали, на пр. OEKO-TEX, ECO-LABEL, итн 

-Акредитација на специјализанти 

-Изработка на извештај за оценување на активностите за обука 

-Обезбедување на индивидуални консултантски услуги на 25 корисници за клучни аспекти како што се цена на производите, модно брендирање 

-Обезбедување на индивидуални и групни консултантски услуги на 25 млади претприемачи и старт-ап 

-Обезбедување на пилот консултантски услуги на 25 корисници за дизајн и развој на нови модни трендови и шаблони за колекција, развој на креативност, поврзување на моменталната ситуација и новите модни трендови, анализа на модните трендови 

– Организација на 3 инфо-денови за бизниси и дипломирани студенти во Македонија 

– Организација на 3 презентации на модни предвидувања и презентации на нови колекции на дизајнери   

-Организација на настани за вмрежување во рамките на Атинскиот моден трговски настан 

 

Нов прокет: Заеднички Балкански Активности 

Финансиран од: USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project (EDGE) 

Започнување на проектот: 19.04.2022 

Времетраење на проектот: 12 месеци 

ПАРТНЕРИ – Кластер за модна облека – Србија (FACTS) , Здружение ПРОЕКСПОРТ Aлбанија, Текстилно трговско здружение -Текстилен Кластер  (TTЗ-TК) Северна Македонија. 

АКТИВНОСТИ 

А1. Јакнење на капацитетот на компаниите за користење на нови продажни канали и проширување на извозните пазари преку е комерц, дигитализација и тренд анализи и информации за модната иднустрија 

Оваа активност се однесува на брендирање, употреба на дигитални алатки во промоција и продажба, електронска трговија, модни трендови во индустријата.  

Оваа активност се однесува на имплементација на: 

– Претплата за  модна платформа WGSN Лондон 

-Тренинзи со  присуство  во Белград дигитален маркетинг&е трговија”, и размена на знаење на лице местовизуелно тргување и брендирање 

-Веб платформа за размена на информации за проектните партнери 

А2. Подобрување на деловната конкурентност и софистицираност во ланецот на добавувачи: усогласеност со социјалните стандарди 

Главниот фокус на оваа активност е ставен на следново: 
– Усогласеност со социјалните стандарди 
-Конференција и настан за поврзување и студиско патување во Скопје 

А3. Зголемена видливост на регионалната соработка и намалување на бариерите за прекугранична трговија (регионална трговија, регионална соработка за влез на нови пазари, промоција, правење натпревари) – B2B состаноци 

Оваа активност се фокусира на зголемена регионална соработка и намалување на бариерите за 
пограничната трговија. B2B состанокот е важна алатка за подобрување на регионалната соработка во 
текстилната и модната индустрија. Планирани се два B2B состаноци. 

Секој од партнерите во овој проект ќе биде одговорен за една од активностите. 

Општата цел на проектот е да придонесе за одржлив економски раст на текстилната индустрија во Србија, Албанија и Северна Македонија. Поточно, проектот има за цел да се подобри конкурентноста на текстилнитемодни компании кои работат во рамките на кластерите и да го зголемат извозот, да добијат сертификати потребни за нивните извозни активности, да ја подобрат соработката меѓу земјите и да го зголемат бројот на нови клиенти. Проектот  ќе соработува со образовните институции, членови на трите партнери. 

Сетот на активности ќе биде организиран во рамките на реализацијата на проектот и ќе се состои од  3 дела: 1) брендирање, е-трговија, дигитализација и податоци за модните трендови, 2) усогласеност со стандарди за социјална одговорност и 3) поврзување, воспоставување деловни врски, вмрежување и интернационализација 

Придобивките од проектот се во две насоки: 1) зајакнување на капацитетите на кластерите на партнерите во подобрување на постоечките и развој на нови услуги за нивните членови и 2) подобрување на конкурентноста на компаниите (членовите на кластерите) и иницирање соработка помеѓу компаниите во Балканскиот регион и пошироко.  

Партнерите на проектот се кластери со долгогодишно искуство во развивање и водење кластер активности, претставувајќи ја текстилната индустрија пред владините институции, меѓународните пазари и странските купувачи. Сите партнери имаат искуство во нудење услуги за своите членови како што се развој на човечки ресурси, промоција на извозот и организирање на настани за поврзување, заеднички настапи, соработка со образовни институции и имплементација на значителен број домашни и странски финансирани проекти. 

 

 

Контакт инфо

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Ул. Македонија бр. 19, кат 2, Скопје
Email: ttatextileclusterofficial@gmail.com Тел: + 389 75 304 685