TTA

Информации за секторот

Општи информации

Текстилната индустрија во Македонија е сектор со долга традиција и искуство. Околу 600 фирми со околу 40.000 работници, односно 27% од вкупниот број на вработени во македонската индустрија, се занимаваат со оваа индустриска гранка. Текстилната индустрија учествува со 12,45% во вкупниот бруто домашениот производ (БДП) и со 27% од македонскиот извоз. Текстилната индустрија просторно ја покрива целата територија на Република Македонија со значителена концентрација во источниот дел од замјава.

Текстилното производство во Македонија е целосно приспособено кон пазарните услови поставени од страна на западноевропските земји. Ова значи дека таа ги исполнува строгите стандарди за квалитет, рокови на испорака, како и комплетната логистика која се бара од страна на странските партнери.

Повеќето од фирмите во текстилната индустрија во Македонија се организирани како мали и средни претпријатија со вкупен број на вработени од 30-500. Овој факт е позитивен, бидејќи овозможува огромна флексибилност на компаниите во однос на менување на палетата на производи, производство на мали серии и краток период на испорака на финалниот производ. Ова претставува клучен фактор за успешна соработка со странските партнери и за опстанок на оваа гранка која е под постојан притисок на конкуренцијата и пазарните законитости. Македонското текстилно производство е главно ориентирано кон извоз, претежно на ЕУ пазарот.

Контакт инфо

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Ул. Македонија бр. 19, кат 2, Скопје
Email: ttatextileclusterofficial@gmail.com Тел: + 389 75 304 685