Текстилното Трговско Здружение – Текстилен кластер учествуваше на првата ECA Cluster Conference 2025, одржана на 10–11 декември во Мадрид. Конференцијата, организирана од European Clusters Alliance, собра над 100 претставници од кластер организации, институции, Европската комисија, регионални и меѓународни чинители, кои преку инспиративни говори, примери на добри практики и конструктивни дискусии ги отворија клучните прашања поврзани […]
На 16 и 17 декември 2025, Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) беше домаќин на 5-тиот VERDEinMED состанок на проектните партнери и 2-та VERDE Академија, кои се одржаа во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот беше организиран во рамки на проектот VERDEinMED и имаше за цел унапредување на соработката меѓу проектните партнери […]
На 26 ноември 2025 година, во хотел Оаза во Штип, се одржа Годишното Собрание на Текстилнoтo Трговскo Здружение – Текстилен кластер, проследено со презентации и дискусии за извозниот потенцијал на македонската текстилна индустрија, диверзификацијата на пазарите, како и сесија за современите пристапи во комуникацијата на одржливоста. Настанот започна со воведното обраќање на Претседателката Маријана Перковска […]
На 30–31 октомври 2025 година, Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) беше домаќин на тимот на Mission4Water во Скопје за два комплементарни настани – состанок на конзорциумот и јавна округла маса со настан за вмрежување – кои покрај координација на партнерите овозможија и дисеминација на проектот и неговите активности, одржани во рамки на Fashion […]
Tекстилниот кластер, со поддршка од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (Invest North Macedonia) и Швајцарската програма за поддршка на извозот – SIPPO, и оваа година учествува со национален штанд на меѓународниот саем A+A / AplusA – International Trade Fair and Congress, кој ќе се одржи од 4 до 7 ноември 2025 година […]
На 7 октомври 2025 година, во хотелот Holiday Inn во Скопје, се одржа работилницата „Одговорно договарање – Градење посилни партнерства во ланецот на добавувачи“, организирана од Fair Wear во соработка со Текстилната Трговска Асоцијација – Текстилен кластер. Настанот беше наменет за претставници на бизнис организации и менаџерски тимови од македонски компании во текстилната, кожарската и […]
Проектот Mission4Water го објавува својот Втор Повик за Иновативни Проекти, со цел да поттикне развивање на заеднички решенија за справување со загадувањето на водата во Јадранско-Јонскиот регион. Во повикот може да учествуваат мали и средни претпријатија, истражувачки институции и други засегнати страни во рамки на процесот на ко-иновација. Сè уште не сте сигурни за вашата […]
На 16–17 септември 2025 година, претставници на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер учествуваа на состанокот на Управниот комитет на проектот VERDEinMED, кој се одржа во Русе, Бугарија, во организација на нашиот партнер – Бугарската модна асоцијација. Првиот ден, состанокот се одржа во Стопанската комора на Русе, каде што партнерите и придружните организации ги презентираа […]
💧 MISSION4WATER – Повик за изразување интерес е отворен! 💧 Дали сте заинтересирани за намалување на загадувањето на водите, справување со микропластиката, промовирање на одржливо користење на водата или поддршка на еко-иновативност во текстилниот и секторот за отпадни води? Тогаш ова е вашата можност да се поврзете со иницијативата MISSION4WATER! Повикот за изразување интерес е […]
Проектот VERDEinMED го објавува овој Повик за пријавување со цел да изберат компании кои сакаат да добијат специјализирана техничка помош во областа на одржливоста и циркуларната економија за текстилниот сектор. Избраните компании ќе добијат консултантски услуги, коучинг, обуки и менторство обезбедени од локални ментори. 1. Цел на проектот VERDEinMED VERDEinMED е иницијатива финансирана од ЕУ […]
Извршниот директор на ТТЗ-Текстилен кластер на покана на проектните партнери имаше чест да биде панелист на настанот кој го означи почетокот на Проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“ кој се одржа во Скопје 19.06.2025 година. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата за развој […]
Нашите два проекти од ИПА програмата на Европската Унија: @verdeinmed IPA EURO MED & @mission4water IPA ADRION) беа презентирани на Машинскиот факултет во Скопје пред над 60 студенти, гости од Германија од International Business Degree Program. Пред студентите ги презентираа своите компании и две наши членки: @blackbello.design и @textilesolution @majaaceski. Студентите водени од Проф. Martin Kornmeier & Проф. Радмил Поленаковиќ, покажаа голем […]
Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер
Ул. Македонија бр. 19, кат 2, Скопје
Email: ttatextileclusterofficial@gmail.com
Тел: + 389 75 304 685