Тимот на ТТЗ-текстилен кластер дел од SIPPO Балканска регионална работилница

Тимот на ТТЗ-текстилен кластер дел од SIPPO Балканска регионална работилница 13-15.03.2024 г

Тимот на кластерот ТТЗ-текстилен кластер беше дел од регионалната работилница за
вмрежување со организации за поддршка на бизнисот од текстилниот сектор во
Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина во организација на SIPPO. Една од
главните предности на работилницата беше споделеното знаење и искуство. Бизнис
организациите меѓусебно ги споделија најдобрите практики и индустриски увиди, кои
ќе им помогнат да ги подобрат сопствените операции и конкурентност. Соработка и
вмрежување беше целта на одржаната работилница која може да отвори врати за
нови пазари.
Преку оваа регионална работилница бизнис организациите можеа да ги истражат
можностите за прекугранична соработка и партнерства. Работилницата исто така,
вклучуваше иактивности за градење капацитети за да им се помогне на овие
организации да ја подобрат усогласеноста со меѓународните стандарди. Предизвиците
за одржливост како клучна област во текстилната индустрија беше една од темите на
кои се разговараше.