Текстилен кластер на Северна Македонија се приклучува како партнер во европскиот проект GREENSMARTMED

Текстилната трговска асоцијација – Текстилен кластер на Северна Македонија се приклучува како партнер во европскиот проект GREENSMARTMED – Green and Resilient European Excellence Network for Smart MED SMEs, во рамките на новата Transfer Phase на програмата Interreg Euro-MED.GREENSMARTMED има за цел да го поддржи преминот кон зелено, одржливо и конкурентно производство, со посебен фокус на малите и средни претпријатија и на индустриски сектори како текстил, пластика и агро-прехранбен сектор. Проектот се базира на развиена методологија и алатки кои им помагаат на компаниите да ги претворат предизвиците поврзани со одржливоста и зелената транзиција во можности за иновации и одржлив бизнис развој.Со вклучувањето на Северна Македонија во Transfer Phase, Текстилниот кластер ќе придонесе кон пренесување и примена на GREENSMARTMED методологијата и алатките во македонскиот текстилен сектор.Преку активното учество во проектот, Текстилниот кластер ќе работи на создавање на подобри услови за македонските текстилни компании да одговорат на новите европски барања поврзани со зелена транзиција, циркуларност, ефикасно користење на ресурси и одржлив развој.
GREENSMARTMED е финансиран преку програмата Interreg Euro-MED на Европската Унијa
GREENSMARTMED е финансиран преку програмата Interreg Euro-MED на Европската Унијa
