Цели и задачи
Основната цел заради која е формирана „ ТТЗ – Текстилен кластер“ е да допринeсе за растот и развојот на текстилната индустрија во Р. Македонија, преку поставување и оставарување на следниве задачи:
- Престој на странски пазари – модните трендови да станат достапни за голем број индивидуални компании, кои не можат да си дозволат сами да ги посетуваат трговските саеми; поставување на штандови на трговските сеами за заедничка продажба на македонските производи;
- Проценка на македонските производи наспроти странската конкуренција, не во поглед на модата, туку во поглед на производните техники и спецификации;
- Обезбедување на листа на потенцијалните европски и прекуморски клиенти, како и презентирање информации за нашите компании;
- Преговори со банки како една единствена индустрија за погодни услови за заеми;
- Воспоставување контакти со сите Владини институции за остварување на специфичните интереси на текстилната индустрија во поглед на даноците, трудот и социјалата, економските прашања и др.; заедничкиот-колективен настап пред овие институции ќе води кон подобри преговори;
- Воспоставување контакти и редовна комуникација со Стопанските комори, домашни и странски агенции и институти, странски владини и невладини организации и донатори со што ќе се овозможи размена на податоци и информации како и учество во проекти и користење на донации;
- Соработка со образовните установи – факултети, школи, за поставување појак текстилен програм кој ќе обезбедува високо квалификуван лидерски кадар за текстилната индустрија
Ативности на Текстилниот кластер:
- Поврзување со странски клиенти и организирање нивна посета на производни капацитети
- Практични обуки од страна на странски консултанти по промотивни цени
- Учество на Б2Б средби, конференции и саеми
- Информации за пазарите и состојбите
- Истражување на нови пазари
- Поддршка во делот на социјално сертифицирање BSCI, SEDEX/SMETA
- Соработка со образовни институции – текстилни училишта и факултети
- Лобирање во Владини и невладини институции (вклучително и Царината) за решавање на проблемите кои се присутни во секторот
- Изготвување и учество во проекти