На 06.10.2017година во Скопје, на Технолошко металуршкиот факултет, Текстилното Трговско Здружение-Текстилен кластер одржа Годишно собрание на коешто имаше 30 учесници, претставници на текстилни компании, членки на кластерот, со кои беа дискутирани состојбите во текстилната индустрија.Покрај членките на Текстилниот кластер присуствуваше и Претставник на Министерството за финансии Д-Р Бранимир Јовановиќ, совебтник на Министерот за финансии, со кој беше дискубтирана примената на новиот Закон за минималната плата во Република Македонија, проблеми и предлози за примената на Законот.
Состанокот го отвори Претседателката на Текстилниот кластер Маријана Перковска која што посочи дека покачувањето на минималната плата од 9500 ден на 12 000 ден нето, ќе предизвика финансиски проблеми
На 27.02.2015 ТТЗ-ТК одржа вонреден состанок на УО со следниот дневен ред:
1. Проблеми со царински постапки и припрема за состанокот со Царинската управа закажан за понеделник 02.03.2015
2. Проекти на Текстилниот кластер
3. Годишно собрание на ТТЗ-ТК за 2014 год
4. Разно
На 06.10.2014 ТТЗ-ТК одржа редовен состанок на УО на кој беа опфатени следниве активности:
1. Презентација на текстилната лабораторија при ТМФ
2. Прес конференција
3. Дискусија за актуелните состојби и следните активности на ТТЗ
4. Посета на текстилни компании Албатрос-Штип и Фам моде-Штип од страна на ученици и професори од средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев
5. Разно
Читај повеќе..
На 03.07.2015 членовите на УО на Текстилниот кластер одржаа состанок со следниов дневен ред:
1.Состојби во текстилната индустрија и актуелни проблеми
2. Активности на ТТЗ-ТК
3. Разно
На состанокот на УО секоја од компаниите ја презентираше состојбата во својата компанија и регионот во кој се наоѓа како и актуелните проблеми со кои се соочува, со цел да се превземат чекори за решавање на истите. Беше напоменато и дека во првиот квартал има намалување на извозот, како резултат на што неколку фабрики беа затворени. На состанокот беше решено да се изготви допис со наведување на сите споменати точки, кој ќе се достави до сите надлежни институции и министерства и ќе биде побарана итна средба поради алармантната состојба и континуираното уништување на гранката. Целта на дописот е да се напомене дека доколку Владата ни обрне малку внимание проблемите лесно можат да се решат, и ќе и се овозможи на гранката да опстане и во наредните 10 години. Исто така беше решено
На 08.06.2016 година во Прилеп, во хотелот Кристал Палас, Текстилното Трговско Здружение-Текстилен кластер одржа Годишно собрание на коешто покрај членките на кластерот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Маријан Ристески и Директорот на Агенцијата за вработување АВРМ г-дин Владо Поповски. Состанокот го отвори Градоначалникот Маријан Ристески којшто истакна дека текстилниот сектор е многу важен за Општината Прилеп како и за Македонија во целост, и дека тој како Градоначалник се труди да биде во контакт со текстилните компании од тој регион со цел да ги слушне проблемите со кои истите се соочуваат во насока на изнаоѓање на решение за истите. Како еден од главните проблеми којшто го потенцираше и Градоначалникот е недостаток на квалитетен работен кадар како резултат на намалениот интерес на младата популација за вработување во овој сектор. За подобрување на оваа состојба беше дискутирано дека е неопходно
Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер
Ул. Македонија бр. 19, кат 2, Скопје
Email: ttatextileclusterofficial@gmail.com
Тел: + 389 75 304 685