Текстилната индустрија е важен столб за економски развој во рамките на пограничниот регион Северна Македонија – Бугарија. Индустријата вклучува повеќе од 120 компании од обете страни на границата, вработувајќи повеќе од 30% од работната сила. Зголемената глобална конкуренција, ја стави индустријата пред многу предизвици како што се намалувањето на пазарот на трудот и постоењето на нелојална конкуренција. Текстилната индустрија во регионот покажува можност за брзо реагирање и адаптација на потребите на клиентите. Виталноста и агилноста на секторот се сметаат за големи предности на прекуграничниот регион. Сепак, секторот страда од недостаток на млада и образована работна сила, како едно од најголемите ограничувања за развој на конкурентноста на индустријата. Поради овие проблеми, постои потреба од заедничко работење на сите засегнати страни во индустријата во однос на развој на заеднички имиџ во индустријата, преку соработка, обука на засегнати страни и пристап на заеднички пазар. Проектот „Современа текстилна индустрија како атрактивна кариера патека за млади генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион“ предлага решавање на горенаведените проблеми преку поттикнување на позитивен регионален имиџ на индустријата која е општествено и етички одговорна. Проектот ќе продолжи со активностите на регионалната ознака за квалитетна Trusted Balkan Apparel, и ќе ја поддржи модернизацијата на индустријата.
Финансирање на проектот:
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија.
Важно: Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Текстилно трговско здружение - Телстилен кластер и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.