Компаниите ретко ги започнуваат активностите околу деловната одговорност од нула. Сепак, може да се воочи дека управувањето со човечките ресурси, заштитата на животната средина или соработката со партнерите сè уште не се третираат под темата корпоративна одговорност. Компаниите треба да започнат со работа за нивната корпоративна одговорност со проверка на нивниот тековен статус, или самите или со помош на надворешен консултант. Потоа, може да се подготви програма за оштествена и корпоративна одговорност и план за работа, заедно со цели и временска рамка на имплементација.После ова, може да се изберат индикаторите за одговорно управување во комапниите. Овие индикатори ќе бидат порверувани од страна на Текстилниот кластер кај своите членки-компании, на база на што во зависност од пороцентот на исполнување на принципите на социјлана одговорност, комапниите ќе се стекнуваат со соодветен сертификат за квалитет TRUSTED BALKAN APPAREL.
Финансирање на проектот:
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија.
Важно: Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Текстилно трговско здружение - Телстилен кластер и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.