Oнлајн вебинар на тема „Клучни трендови за пролет-лето 2024“

На 24 февруари 2023 се одржа онлајн вебинар на тема „Клучни трендови за пролет-лето 2024“ презентирана од страна експерти од познатата WGSN платформа за модни предвидувања од Лондон во организација на кластерот FACTS од Србија заедно со водечкиот партнер Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер од Македонија и ПРОЕКСПОРТ од Албанија, поддржани преку грант од регионалниот проект УСАИД за економски развој, управување и Enterprise Growth Project.

Цел на настанот беше да се направи трансфер на знаење со користење на платформата WGSN што може да се користи како водич за иден развој на компаниите во организирање на сопствено производство на целосен пакет на услуги во согласност со достапните WGSN трендови диктирани од модниот пазар на ЕУ. На вебинарот беше претставена и потенцијалната додадена вредност за компаниите и индустријата во целост, преку подобрување на услугите што можат да се обезбедат меѓу земјите партнери во овој проект. На учесниците исто така им се овозможи пристап и до претходно развиените и презентираните вебинари од WGSN како дел од проектните активности а кои се поставени на проектната онлине платформа (веб страна). 

Следниве презентации беа направени за учесниците:

- Визуелна трговија и дизајн на продавница: прогнозирани трендови за 2024 година

- Прогноза на купувачите за 2023 година

- Изглед на категоријата TrendCurve+: женски чевли во Велика Британија S/S 24