Презентација на Прирачник за регионална транзиција кон циркуларен текстилен сектор и Платформа на знаење – VERDEINMED (A2.5) 17.06.2026

Во рамките на Активност 2.5 („Интеракции за учење и евалуации за интегрирање и ширење на VERDE COMPASS“), од страна на Текстилен трговски центар – ТТЗ беше изработен документот „ПРИРАЧНИК ЗА ТРАНСНАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА VERDE BUSSOLA“, кој е поврзан со Резултат D.2.5.1: „Прирачник за транснационална употреба на VERDE Bussola“.
VERDE Bussola претставува консолидирана рамка развиена во рамките на проектот VERDEinMED, чија цел е поддршка на транзицијата на текстилниот и конфекцискиот сектор кон циркуларни и одржливи практики. Bussola е дизајнирана како интегрирана структура која ги поврзува регионалните чинители, заедничките ресурси на знаење и таргетираните услуги за поддршка, со цел зајакнување на процесите на донесување одлуки, развој на капацитети и имплементација на циркуларни решенија.
Bussola претставува интегриран пристап кој ги поврзува регионалните докази и придонесите на засегнатите страни со практичната поддршка и процесите на развој на политики. Преку овој пристап, VERDE Bussola служи како рамка за воспоставување структури на знаење и компетентност во текстилниот и конфекцискиот сектор, дизајнирана да функционира како „едношалтерски систем“ (one-stop-shop) модел во секој регион.
Прирачникот е изработен со цел да обезбеди консолидиран и транснационален водич кој ја опишува основната логика на VERDE Bussola, начинот на функционирање на нејзините компоненти и методолошките чекори кои ја поддржуваат нејзината имплементација и по завршувањето на проектот. Тој има за цел да ја поддржи одржливоста и преносливоста на концептот преку обезбедување структурирани насоки кои можат да се применат во други регионални контексти.
Со цел презентација на изработениот Прирачник и промоција на неговата примена, како и поттикнување на регионалната транзиција кон циркуларен текстилен сектор, беа организирани и одржани два информативни настани на 17.06.2026 и 18.06.2026 година под наслов:
„Презентација на Прирачник за регионална транзиција кон циркуларен текстилен сектор“
Во рамките на двата настани беше претставена содржината на Прирачникот, неговата структура, методологијата, клучните компоненти на VERDE Bussola и можностите за примена и репликација на рамката во други региони.
Дополнително, пред учесниците беше презентирана и „Платформа на знаење – VERDEINMED“ (VERDEINMED Knowledge Platform), при што беа претставени нејзините функционалности, достапните ресурси, алатки, добри практики и резултати развиени во рамките на проектот.
На двата настани учествуваа претставници од:
компании и бизниси од текстилниот и конфекцискиот сектор;
претставници на локалната самоуправа;
образовни институции;
универзитети;
Центар за развој на стручното образование;
невладини организации (НВО).
Преку овие информативни сесии беше успешно промовиран Прирачникот за транснационална употреба на VERDE Bussola и беше зголемена информираноста на релевантните засегнати страни за можностите што ги нуди VERDE Bussola и VERDEINMED Платформата на знаење за поддршка на регионалната транзиција кон поодржлив и циркуларен текстилен сектор.