Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ТТЗ и Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

На 6 мај 2026 година, во Скопје, помеѓу Текстилното Трговско Здружение - Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) и Технолошко-металуршкиот факултет, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ТТЗ- Текстилен кластер и Технолошко-металуршкиот факултет.
Меморандумот го потпишаа Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер, и деканот на Факултетот, проф. д-р Игор Јорданов.
Со овој документ се воспоставува рамка за соработка на теми и активности од заеднички интерес, која опфаќа заедничка организација и имплементација на апликативни и научно-истражувачки проекти, меѓусебна размена на информации, како и формирање експертски тимови за нивна изработка и реализација. Дополнително, се предвидува вклучување на двете институции во проектни активности од заеднички интерес, олеснет пристап до индустриски настани, работилници и реални проекти за студентите од Институтот за Текстилно инженерство, како и размена на знаење, ресурси и техничка експертиза помеѓу академскиот кадар и професионалците од двете институции.
Овој Меморандум претставува значаен чекор во унапредување на соработката помеѓу академската заедница и индустријата, со цел поттикнување на иновации, практична примена на знаењето и зајакнување на капацитетите во текстилниот сектор.