24.10.2023 до 27.10.2023 одржан А+А саем за работна облека во Дизелдорф

Од  24.10.2023 до 27.10.2023 беше одржан А+А  саем за работна облека  во Дизелдорф.

 

На саемот беа присутни  1204 изложувачи од 56 нации и повеќе од 25 000 посетители. Со овие бројки А+А и истовремено одржаниот мегународен конгрес за заштита при рбаота – повторно јасно ја рефлектираа значително зголемената релевантност на безбедноста на рботно место.

 

Четири домашни компании: Албатрос, Евроџинс,Златекс и Еуросолид  од текстилната индустрија од Македонија од 24 до 27 октомври за втор пат со национален штанд во организација на ТТА-Текстилан кластер и Invest North Macedonia а поддржани од УСАИД ЕДГЕ и СИППО, успешно се претставија на овој саем. Ова беше одлична шанса и можност на компаниите да ги презенитраат своите производи пред илјадници компании и посетители со што би ги продлабочиле своите извозни вредности на германскиот пазар и пошироко, а со тоа би се зголемиле нарачките и производството на овие, но и на останатите текстилни компании кај нас.

А + А е најголемиот и најважен настан во светот кога станува збор за безбедноста и здравјето при работа, a учеството на голем број интернационални изложувачи и посетители само го рефлектира светскиот интерес во оваа значајна област. Главни теми на саемот се: безбедност при работа, сигурност при работа, заштита на здравјето на работа/корпоративно здравје, заштита од пожари/ управување со катастрофи и корпоративна мода. Воедно мегатрендовите како што се дигитализација и одржливост беа исто така меѓу клучните теми на овогодишниот саем. Изложувачите беа многу задоволни од резултатите од А+А 2023, реализираните контакти и релациите со купувачите како и од целокупната организација и поддршка од страна на организаторите. Воедно беа прибрани информации и за најновите трендови во областа на безбедност при работа, унапредување, и копоративно здравје и управување со безбедноста на комапниите. Следното издание на саемот е најавено за Ноември 2025 гоидина.