Учество на Текстилниот кластер на SIPPO Import Forum 2026: Размена на искуства за одржливост, дигитализација и промоција на извозот 03.06.2026

На 03.06.2026 година во Цирих, во рамки на настанот „Building Export Promotion System that Lasts – From Collaboration to Durable Impact“ организиран од SIPPO Import Promotion Programme, во склоп на SIPPO Import Forumm 2026 се одржаа размена на искуства и дискусии на тема одржливост и дигитализација, со учество на претставници од бизнис заедницата и институциите за поддршка на извозот од сите земји во светот каде што СИППО има активна поддршка..

Целта на настанот беше да се поттикне развојот на одржлив и ефикасен систем за промоција на извозот преку споделување добри практики, индустриски сознанија и примери од реалниот сектор, како и преку зајакнување на соработката помеѓу релевантните чинители и организациите за поддршка на бизносот.

Во рамки на програмата беа презентирани индустриски согледувања и примери од праксата, по што следуваа групни дискусии насочени кон идентификување на клучните предизвици, можности и препораки за понатамошен развој на извозната поддршка од страна на кластерите, асоцијациите и другите организации за поддршка на бизнисот.
Во склоп на настанот, во брејкаут сесиите на кои учествуваа таргетирани организации, а со цел размена на искуства и иницирање нови соработки, ТТЗ-Текстилниот кластер заедно со SIPPO - Македонија одржаа презентација на тема „Export Promotion Policy and Strategy“, при што беа презентирани македонските искуства, политики и стартегии за унапредување на извозната конкурентност на македонскиот текстилниот секотр, а воедно беше презентирана и студија на случај: Застапување на TTЗ-Текстилниоиот кластер во делот на управување со индустриски текстилен отпад и можноста за негово рециклирање.

Настанот заврши со средба со компании од услужните и  иснустриските секотори кои веќе имаат импементирано дигитализација и оддржливи практики во својата работа.

Овој дводневен настан овозможи размена на важни искуства помеѓу присутните организации, нивно вмрежување и потенцијал за идна соработка.