Успешно реализиран вебинар „Извоз што носи раст – Производство и индустрија“ 11.06.2026

На 10 јуни 2025 година, ТТЗ – Текстилен кластер, во соработка со ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), ПроКредит Банка и М6 Едукативен Центар, успешно го реализираше вебинарот „Извоз што носи раст – Производство и индустрија“.
Настанот беше наменет за компании од производствениот и индустрискиот сектор кои извезуваат или имаат потенцијал за настап на меѓународните пазари, со цел да се поттикне нивниот одржлив раст, конкурентност и пристап до нови извозни можности.
Во рамки на вебинарот беа презентирани и дискутирани повеќе актуелни теми поврзани со извозот и развојот на компаниите, меѓу кои: усогласување со европските стандарди и барања за одржливост, сертификација и конкурентност на меѓународните пазари, извозно ориентирани бизнис модели, пристап до финансии и европски зелени фондови, управување со извозни ризици и диверзификација на пазари, како и енергетски и инфраструктурни предизвици со кои се соочува индустријата.
Свои искуства и практични насоки споделија Наташа Сивевска, извршен директор на ТТЗ – Текстилен кластер и Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на БиМилк. Дополнително, претставници на ЕБОР, ПроКредит Банка и М6 Едукативен Центар ги презентираа достапните механизми за поддршка на компаниите во процесот на извоз, трансформација и одржлив развој.
Настанот овозможи конструктивна дискусија и размена на искуства помеѓу учесниците, при што беа споделени практични примери и препораки за успешно позиционирање на странските пазари.
Им благодариме на сите говорници, партнери и учесници за нивниот придонес во успешната реализација на вебинарот. ТТЗ – Текстилен кластер ќе продолжи да организира активности насочени кон зајакнување на капацитетите на македонските компании и поддршка на нивниот извозен раст.
