ТТЗ-Текстилен кластер дел од работилница на тема “Одржливост и циркуларна економија во пракса” во организација на СИИППО (октомври 2023)

Текстилниот кластер и неколку свои членки беа дел од тридневна работилница на тема “Одржливост и циркуларна економија во пракса” во организација на СИППО 18-20 октомври 2023. Работилницата беше дизајнирана да им помогне на бизнис организацииите и на бизнисите кои работат извоз да ја разберат одржливоста и циркуларноста во деловната практика.

Цел на оваа работилница беше да се изгради капацитет и да се зголеми свесноста за одржливост и да обезбеди насоки за компаниите од текстилниот сектор да ја подобрат нивната извозна моќ преку усвојување одржливи деловни практики.

Работилници ги запознаа учесниците со фундаментално разбирање на одржливите и циркуларни практики, и во теорија и во пракса. Клучните сознанија од почетните сесии открија дека многу од бизнисите - особено во социјалната одржливост - веќе работат поодржливо отколку што првично имале впечаток. Сепак, претстои понатамошно надградување и модификација во нивната работа. Нови мандати во Корпоративната општествена одговорност (ООП) и Германскиот закон за синџирот на снабдување претставуваат значителни предизвици, особено за бизнисите во секторите за текстил во Македонија. Беше нагласено дека улогата на Текстилниот кластер во обезбедувањето услуги за одржливост поттикнати од побарувачката на членовите е голема. Со практичен пристап, претставниците на Текстилниот кластер и неколку од присутните текстилни компании, истражија практични стратегии што се користат во Европа, дигитални алатки како што е генераторот на синџирот на вредности и важноста на овие алатки во идентификувањето на слабостите, потенцијалните технологии  за користење и партнерства за градење одржливи бизниси и соработки.

Работилницата укажа на важни стратешки насоки за текстилната индустрија во Македонија. Извозниците на текстил се префрлаат од традиционални на циркуларни модели, потенцирајќи ги соработките со брендови со кои ќе постигнат нула отпад и ќе остварат транспарентност во синџирот на снабдување. Текстилниот кластер на настанот ја нагласи потребата за силна соработка помеѓу производителите, давателите на технологија, универзитетите, давателите на услуги и банките. ТТЗ потенцираше дека овие соработки се од суштинско значење за успешна имплементација на циркуларни стратегии и за развој на иновативни бизнис модели. Идентификувани слабости во знаењето беа концентрирани најмногу на толкувањето на „Одржливост и Циркуларност“ во „Рециклирање“ и едвај земајќи ги предвид другите „Р’С“ како Замени, Редуцирај, Обнови или Пренамени како важни елементи на добри практики на цирлкуларната економија.