Средба на членките на Текстилниот кластер на тема “СОСТОЈБИ, ЕУ ЛЕГИСЛАТИВИ И ПРОГРАМИ ВО ТЕКСТИЛНИОТ СЕКТОР

На 28.09.2024 во Скопје, беше одржана средба со членки на Текстилниот кластер на кој беа дискутирани актуелните прашања и состојби во текстилниот сектор во земјата и на пазарите каде што извезуваат текстилните компании во Македонија, како и актуелните Европски легислативи: предизвиците на одржливото производство, законот за синџирот на снабдување, ООП и социјалните, еколошки стандарди, циркуларната економија.


На состанокот присутните компании ја презентираа состојабата во нивната компанија / регионот од каде доаѓаат со цел да се добие слика каква е состојбата во секторот, разговараа и за релацијата со своите купувачи и каков е пласманот на налози. Беше дискутиран веќе долго присутниот и континуиран проблем кај компаниите, недостатокот на работна сила како и начините за неговото подобрувње, а меѓу другото и начините за зголемување на продуктивноста. Фокус беше даден на германскиот пазар каде најмногу извезуваат макеодонските компании, каква е состојбата на тој пазар и импликациите на новите ЕУ и германски легислативи на кои нашата индустрија како извозно оприентирана ќе мора да се прилагоди. На темата за германскиот пазар како еден од главните партнери за производство на облека во Македонија, гостин на состанокот беше г-дин Wolfgang Weis consultant – Weis Consulting асоцијацијата од Германија, асоцијација која има повеќе од 40 години искуство во менаџмент консалтинг за текстилната индустрија, од планирање на производството, производство до финален производ, како и организација на обуки и маркетинг на теми корисни и барани од текстилните компании од страна на професионален тим од 25 консултанти и искусни специјалисти. Г-дин Weis е консултант кој долги години работи на релација Македонија Германија, има направено процес на реорганизација на производство во многу македонски текстилни компании, со цел зголеување на продуктивноста, заштеда на време, подобрување на производтствените капацитети. Присутните на средбата имаа можност да чујат за состојбата во Германија во текстилниот сектор, како и за активностите на кои работи Weis Consulting асоцијација, презентиран беше и широкиот дијапазон на понуда на обуки, области на маркетинг, дизајн, создавање колекција, организација и рационализација на производство, обуки за работата на персоналот итн. 


Исто така гостинка на средбата беше и г-ѓа Bianca Seidel, долгогодишен консултант во Weis Consulting асоцијацијата, која ги презентираше германските легислативи кои се важни за македонските компании како најмногу извозно ориентирани кон тој пазар, законите за синџирот на снабдување во Германија како и ЕУ. Таа ја потенцираше важноста на облеката и текстилната индустрија како клучна индустрија за глобална трансформација. Го елаборираше таканаречениот Зелен договор на ЕУ како и Текстилната стратегија на ЕУ. Г-ѓа Bianca зборуваше и за циркуларната економија како тренд кој се повеќе станува значаен и ќе биде таргет за спроведување се повеќе и повеќе, зборуваше и за Скрининг процесот и даде нејзини препораки во однос на Европската унија во корист на текстилната индустрија во Македонија.


 Беше заклучено дека клиентите/купувачите за кои моментално работат македонските текстилни компании сè повеќе бараат усогласеност со барањата за одржливо производство, законите за синџирот на снабдување и различни социјални и еколошки стандарди, како што се Зеленото копче, BSCI и други, како и управувањето со текстилниот отпад. Усогласувањето со овие барања ќе влијае на одржување на меѓународната конкурентност и затоа е неизмерно важно да се прилагодиме на овие промени навреме. Прилагодувањето кон овие барања од друга страна носи зголемени трошоци кои компаниите не се во можност секогаш да ги обезбедат. На оваа тема гости на средбата беа претставници од Министерството за економија г-ѓа Јасмина Мајсторова и г-дин Александар Јанчески, кое ги презентираа активностите на Министерството во овој дел и разговорите кои тоа ги води на највисоко ниво во ЕУ. Во оваа насока тие ги презентираа соодветните програми за поддршка кои државата ги креира и ги нуди преку Министерството за економија, кои се ставени на располагање на бизнис секторот кои може да ги користи преку аплицирање на истите. Една од програмите е програмата за поддршка на општествена одговорност која своевремено беше развиена на барање на Текстилниот кластер и со негова поддршка беа дефинирани областите како што се покривање на дел од трошоците за социјален аудит по SMETA-SEDEX, AMFORI-BSCI и SA8000. Оваа програма на Министерството за економија придонесува кон мотивација на компаниите да ги докажат своите социјално одговорни практики, но и да ги намалат трошоците. Текстилниот кластер постојано се надоградува во овој дел, и понатаму ја нуди услугата за своите членки за посредување во поврзување со аудит компании, поддршка при аплицирање за средства од Министерството, како и подготовка за социјален аудит со цел подобра спремност на компаниите при реализирање на аудит. Од претставниците на Министерството беше потенцирано дека се отворени за соработка и за сите прашања за програмите кои ги нудат во комуникација со Текстилниот кластер со цел што подобро разбирање на програмите и нивно користење.