Организиран Настан на тема „Стратегија, брендирање и извозен маркетинг на производи од модната индустрија“.

Текстилниот кластер го реализираше проектот „Fashion Employment Hub“ чија цел е подобрување на вештините на модните дизајнери, студенти по моден дизајн и старт-ап претпријатија во прекуграничниот регион и воспоставување на заеднички простор за работа и обуки (хабови).  Имплементатори на проектот беа Lifelong Learning Center of the Region of Central Macedonia (Seres), Hellenic Fashion Industry Association (SEPEE Thessaloniki), здружението Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА (Струмица) и Текстилното трговско здружение – Текстилен Кластер (Штип).

Во рамките на овој проект,  Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер на 22 и 23 февруари во Велес, во хотел Гардениа организираше обука на тема „Стратегија, брендирање и извозен маркетинг на производи од модната индустрија“.

Преку презентации и практични вежби, целта на оваа дводневна обука беше на модните дизајнери да им се доближат концептите за брендирање и поставување извозни стратегии за производите од модната индустрија. По завршувањето на обуката, младите дизајнери и претприемачи ќе бидат во состојба да подготват сопствена бренд стратегија и продажен план, да ја подобрат видливоста на своите производи и да дефинираат начини за комуникација, промоција и успешна продажба на производите.

Теми на работилницата беа Вовед во маркетинг и брендирање, Што е маркетинг? Маркетинг (р)еволуција-Маркетинг стратегија, важноста на Маркетинг стратегијата, Студија на случај - споделување искуство од партнерите-План за комуникација (како ќе го рекламирате производот)-офлајн/онлајн промоција и продажба.