Одржан вебинар за одржлив текстил: EcoDesign регулативата и алатката ERAT во организација на ТТЗ и SIPPO – 12.06.2026

Текстилниот Кластер со техничка поддршка од Швајцарската програма за промоција на увозот (SIPPO) и во соработка со пет регионални организации за поддршка на бизнисот за компании од текстилната индустрија на Балканот (Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и Србија), успешно го организираа вебинарот „Одржлив текстил: EcoDesign регулатива и алатката за проценка на подготвеноста за EcoDesign (ERAT)“, кој се одржа онлајн на 12 јуни 2026 година.
Во рамките на вебинарот беше даден преглед на:
• ESPR (Регулатива за еко-дизајн за одржливи производи)
• DPP (Дигитален пасош на производот)
• EPR (Проширена одговорност на производителот)
• ESG известување (Еколошки, социјални и управувачки стандарди)
Дополнително, учесниците добија практични информации за имплементацијата на новата алатка, планираните активности и очекуваните резултати од EcoDesign проектот во балканските земји. Вебинарот овозможи и интерактивна дискусија, при што присутните поставуваа прашања и дадоа свои коментари и предлози во раната фаза на дефинирање на опсегот и функционалностите на алатката.
Настанот придонесе за подобро разбирање на претстојните барања за одржливост и ја потврди важноста од регионална соработка во зајакнувањето на подготвеноста на текстилниот сектор за новите регулаторни предизвици
