Оддржан третиот ИНФО ден „Сподели го искуството“ – Во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“, во Прилеп

Оддржан третиот ИНФО ден во  Прилеп„Сподели го искуството“ – каде што беше направена промоција на колекциите на младите дизајнери вклучени во овој проект, Во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“.

Проектот е наменет за младите лица, ученици, студенти, млади дизајнери и претприемачи од текстилниот сектор кои ќе придонесат во понатамошниот во развиток на модната и конфекциска индустрија во Македонија.

На 7. ноември, домаќините на настанот во присуство на учениците и професорите од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп ги презентираа досега релизираните активности во насока на едукација на младите за најновите трендови во индустријата, влучувајќи го извозниот маркетинг и електорнската продажба, изработката на шаблони, како и најновиот развој на 3Д дизајнот. Развојот на иновации и зголемувањето на вештините на младите лица, ќе претставува потенцијал за нивно вклучување во реалниот сектор и ќе помогне во вработувањето во пограничниот регион.

Освен тоа, на настанот се претставија и професионалци од повеќе области кои презентираа и ги споделија своите искуства во стекнување нови вештини, како и искуства и знаење во она што тие го прават најдобро. Во таа насока, проектните партнери од Македонија и Грција, како и проектниот менаџер Наташа Сивевска – извршен директор на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и модните дизајнери Анастасија Петрески, Ѓорѓи Петрушев, Гордана Трпческа и многу други претставници од модната индустрија имаа што да им пренесат на гостите од настанот.

Овој ИНФО ден во Прилеп беше инспиративна појдовна точка за сите оние кои модата и дизајнот ги следат професионално и со пасија. Благодарение на се’ почестите вакви настани, можеме да обезбедиме подобар развој и иднина за младите лица, дизајнери и воопшто за македонската текстилна индустрија.