Настан Солун 13-16 Јуни .2023.

Од 13 до 16 јуни 2023 година во склоп на проектот Fashion Employment Hub беше
организирано студиско патување наменето за млади модни дизајнери, модни
претприемачи и претставници на индустријата за облека.
На тродневното студиско патување беа опфатени следниве теми и презентации
– Пезентација за СЕПЕЕ
-Презентација на хабот за Мода ( Fashion Employment Hub ) (FEH)
-Мега Трендови во Модата сезона 24
-Презентација за CAD/CAM систем
Во склоп на настанот се одржа и посета во една од продавниците на најпознатиот бренд во
Солун.
Во наредните денови беа организирани тренинзи за користење на Fashion Snoops Platform, а учесници потоа имаа можност сами да превземаат податоци и модни предвидувања од платформата, важни за развојот на нивните идни колекции.
Вакво студиско патување ќе биде организирано за уште 3 групи на млади дизајнери, претприемачи и претставници на индустријата.