Македонска делегација на саемот за материјали TEXHIBITION Истанбул

 Македонската делегација на производители и извозници на облека оствари значајни контакти со производители на текстилни материјали и помошни материјали на саемот TEXHIBITION во Истанбул од 05-08 март 2024. Воедно претставниците на  водечките организации во текстилниот сектор Асоцијацијата на извозници на ткаенини İTKİB - İstanbul Tekstil ve Konfeksiyon İhracatçı Birlikleri Genel Sekreterliği од Турција, Özlem Güneş (MBA) и Текстилно трговската асоцијација - Текстилен кластер од Македонија, Natasha Sivevska   реализираа конструктивна дискусија за понатамошна соработка помеѓу двете асоцијации. Одржливото производство и близината до Европскиот пазар се едни од главните атрибути на двете земји.