Човековите права се основните права на секое човечко суштество, независно од расата, полот, религијата, политичкото мислење, социјалниот статус или која било друга карактеристика. Преку меѓународните конвенции за човекови права, државите и владите се обврзуваат да ги почитуваат, штитат, промовираат и исполнуваат човековите права на нивните граѓани и други лица во и надвор од нивните граници. Листата на човекови права е содржан во Универзалната декларација, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права. Бизнисите треба исто така да бидат свесни за основните конвенции на Меѓународната организација на трудот.
Во овој момент, постојат голем број причини зошто бизнисите треба да вклучуваат човекови права во нивните политики и практики. На деловните субјекти се повеќе им треба стабилно меѓународно опкружување во кое ќе работат, со одржливи пазари и сигурни можности. Човековите права нудат заедничка рамка за деловните субјекти да ги разберат очекувањата на општествата и да им дадат вредност на засегнатите страни на пооддржлив начин. Овој Правилник што го развивме во склоп на проектот покажува дека, во деловен контекст, унапредувањето на човековите права се однесува на реализирање на нови можности и управување со ризик, како и за исполнување на основните глобални стандарди.

Финансирање на проектот:
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија.

Важно: Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Текстилно трговско здружение - Телстилен кластер и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.