Работилница: Одржливост, ESG и отпад од микропластика – 11 јуни 2025, Штип / Хибридно учество

Настанот ги обедини малите и средни претпријатија (МСП) од Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и организациите за поддршка на бизниси (BSOs) од двете земји и други релевантни организации кои се занимаваат со одржливост и практики на кружната економија. Целта на работилницата беше да се овозможи подетално запознавање со практиките за одржливост, еколошкото известување според ESG стандардите (еколошки, социјални и управувачки фактори), социјалната усогласеност и управувањето, механизмите за следење на емисиите на CO2, како и мониторингот на загадувањето со микропластика како дел од иницијативата MISSION4WATER.
Богатата агенда ги опфати темите поврзани со животната средина и загадувањето на водните ресурси како дел од известувањето за социјални стандарди, политики и технологии поврзани со пречистување на водите, како и најважните елементи од ESG известувањето. Посебно внимание беше посветено на презентацијата на програмите за поддршка од страна на Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија, кои ги опфаќаат тековните јавни повици за МСП.
Настанот го отвори модераторката Наташа Сивевска, претставувајќи ја агендата за денот и говорниците. Потоа беше претставен проектот MISSION4WATER, како и загадувањето на животната средина и водните ресурси како дел од известувањето според социјалните стандарди, кое го презентираше Наташа Сивевска, дипл.инж. 0д областа на текстилна технологија, извршен директор на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер (Преземање на презентација).
Политиките и технологиите поврзани со пречистување на водите (Преземање на презентацијата) и мониторингот на микропластика во постројките/уредите за третман на отпадните води – резултати од истражувања од меѓународна практика (Преземање презентација), ги презентираше Сабина Хаџиахметовиќ, дипл. град. инж., водечки истражувач/дизајнер од Хидроинженерскиот институт Сараево (HEIS). Првиот дел од настанот беше завршен со презентација на програмите за поддршка на МСП во областите на социјалните стандарди, ESG извештаи, истражување и развој, сертификати, влез на нови пазари и сл. (Преземање на презентацијата), која ја презентираше Јасмина Мајстороска, д-р по маркетинг од Министерството за економија и труд на Северна Македонија.

Вторaта сесија беше насочена кон ESG известувањето и механизмите за следење на емисиите на CO2 – Опсег 1, 2 и 3, со елементи на известување за водниот отпечаток. Вовед во Директивата за корпоративно известување за одржливост (Преземање презентација) и разбивање и значење на емисиите на CO2, како и калкулатор за лесно следење на CO2 (Преземање презентација), ги презентираше експертот на SIPPO, Катерина Костовска, сертифициран професионалец од Global Reporting Initiative (GRI) и CSRD институтот. Во последниот дел следеше дискусија со отворени прашања и дебата од учесниците, како од Северна Македонија, така и од Босна и Херцеговина, што ја покажа важноста на презентираните теми. На крајот, претставничките на проектот, Наташа Сивевска и Сабина Хаџиахметовиќ, го завршија настанот и ги повикаа учесниците да го следат проектот на социјалните медиуми и да земат учество во претстојните активности.
Настанот беше организиран од ТТЗ Текстилен кластер и HEIS, во рамките на проектот MISSION4WATER (Interreg IPA ADRION).
