Втора студиска посета на Fashion Employment Hub 3 до 6 Oктомври 2023
Од 3 до 6 Oктомври 2023 година во склоп на проектот Fashion Employment Hub од страна на -Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер бше организирана втора студиска посета на Fashion Employment Hub и брендот K7_konstantinostsigaros во Солун.Во склоп на настанот се одржа и посета во една од продавниците на најпознатиот бренд во Солун.На тродневното студиско патување беа опфатени следниве теми и презентации -Презентација на хабот за Мода ( Fashion Employment Hub ) (FEH) -Мега Трендови во Модата сезона 24 – Пезентација за СЕПЕЕ -Презентација за CAD/CAM систем Во наредните денови беа организирани тренинзи за користење на Fashion Snoops Platform, а учесници потоа имаа можност сами да превземаат податоци и модни предвидувања од платформата, важни за развојот на нивните идни колекции. Вакво студиско патување ќе биде организирано за уште 2 групи на млади дизајнери, претприемачи и претставници на индустријата. |