Бизнис настан помеѓу текстилни компании од Србија и Макеоднија

На 12.05.2021 со почеток во 12 часот се одржа бизнис настан помеѓу текстилни компании и образовни институции од Србија (6 компании и 2 образовни институции) и Македонија (8 компании и 2 образвони институиции).
Настанот започна со посакување на добредојде на сите присутни од страна на кластерите , ТТА Текстилен Кластер- Северна Македонија и Кластер Фактс на модната индустрија од Србија. Воведен збор имаше Јасминка Варанлиева , директор на проектот УСАИД ЕДГЕ.
Во продолжение беше презентирана и соработка за раст- анализа на влијанието на дигиталните канали и електронската продажба на бизнисот пред и после Ковид од страна на Драгана Станојевич УСАИД проект – Соработка за раст. Беше проследена и презентација од страна на Милан Лончаревиќ претседател на кластер ФАКТС – Сбрија за секторот мода и облека за време на Ковид. Презентација за секторот мода и облека за време на Ковид инмаше и Маријана Перковска –претседателката на ТТА Текстилен Кластер – Северна Македонија .
Во понатамошниот дел на настанот се одржаа и презентации на кластерите и нивните активности од страна на Слаџана Милојевиќ – менаџер на Кластер ФАКТС Србија и Наташа Сивевска –менаџер на ТТА Текстилен Кластер – Северна Македонија .
Втортиот дел од настанот се однесуваше на Одржлив развој на производство на облека во Србија и Северна Македонија а го модерираше Слаѓана Милојевиќ. Во склоп на овој дел следеа презентации од страна на Благоја Милошевски- Проект ЕДГЕ – Северна Македонија и Милош Ивковиќ од компанијата ИВКО од Србија . После овие презентации следеа прашања и дискусии.
Потоа следеше подготовка за Б2Б средби помеѓу учесниците на настанот. Средбите беа организирани во посебни виртуелни простории според предвиден распоред а беа реализирани над 50 средби помеѓу фирмите од Македонија и Србија како и помеѓу претставниците на кластерите и образовните институции присутни на настанот