Организирана онлајн обука за воведување на социјални стандарди во Компаниите

Скопје 29.10.2020 се одржа онлајн обука која Текстилниот Кластер  ја организираше во склоп на УСАИД Бизнис еко систем проектот . Една од активностите на проектот е воведување на социјални стандарди во компаниите во насока на обезбедување на социјална усогласеност согласно барањата на странските купивачи но и како предуслов за зголемување на конкурентноста и атрактивноста на секторот.

Покрај главниот дел од обуката поврзан со управувањето со општествената одговорност кој беа реализиран во соработка со експерт и обучувач од компанијата TUV NORD од Макеоднија, една од водечките сертификациони куќи во Европа и пошироко,  имаше  учество и на проектниот менаџер за социјална одговорност во компанијата HESSNATUR од Германија кој  даде практично видување на бенефитите, предизвиците и можностите кај социјалните стандарди во ланецот на добавување во текстилната индустрија.

Воедно од страна на консултантската кука Трајковски и партнери беа презентирани генерални насоки за копманиите за менаџирање на заштитата при работење во услови на КОВИД-19 развиени во British Standard Institute (BSI).  Министерството за економија исто така  даде известување за искористените средства од програмата за поддршка на компаниите кои реализирале социјален аудит и ќе ги презентира плановите за следниот повик.