Kick-off состанок и настан за транснационално градење капацитети и соработка во рамките на проектот GREENSMARTMED, во Еvora, Португалија, на 9 и 10 ноември 2026 година!

 

На 10 и 11 ноември 2026 година, претставник на Здружението за текстилна индустрија – Текстилен кластер (ТТА) учествуваше во активностите организирани во рамките на трансфер-фазата на проектот.

📌 Првиот ден беше посветен на Kick-off состанокот за трансфер-фазата, на кој проектните партнери го разгледаа напредокот во четирите трансфер-региони – Алентежо (Португалија), Сараево (Босна и Херцеговина), Скопје (Северна Македонија) и Источна Словенија. Дискусиите се фокусираа на следните чекори во спроведувањето на проектната методологија, воспоставувањето на Регионалните основни групи (Regional Core Groups), вклучувањето на малите и средни претпријатија и идентификувањето на регионалните потреби и можности за зелена транзиција. Посебно внимание беше посветено и на потенцијалот за одржлив развој на агро-прехранбениот сектор во регионот Алентежо.

🤝 Вториот ден се одржа Transnational Capacity Building and Cooperation Event, посветен на градење капацитети, размена на знаења и зајакнување на соработката меѓу регионите. Настанот овозможи партнерите и релевантните чинители да споделат искуства, да воспостават контакти и да разгледаат можности за заеднички пристапи кон одржливите иновации и зелената транзиција.

🌱 Преку учеството во овие активности, ТТА придонесува кон размена на знаења, зајакнување на регионалната соработка и промовирање одржливи практики во текстилната индустрија.

Проектот #GREENSMARTMED е кофинансиран од програмата Interreg Euro-MED, во рамките на Мисијата за иновативна и одржлива економија.

#GREENSMARTMED #InterregEuroMED #RegionalInnovation #GreenTransition #SustainableManufacturing #TextileIndustry #CircularEconomy #TerritorialCooperation