Работилница за одржливо известување и пресметка на CO₂ емисии во текстилната индустрија

На 17.06.2026 година во Скопје, во организација на ТТЗ – Текстилен кластер во соработка со SIPPO, се одржа практична работилница посветена на одржливо известување на текстилните компании и примена на ESG (Environmental, Social and Governance) принципите, со фокус на пресметка на CO₂ емисии и циркуларна економија.
Работилницата имаше за цел да ги поддржи текстилните компании во подготовка и внес на податоци во прилагоден GHG (Greenhouse Gas) калкулатор, како и запознавање со прирачникот VERDEinMED за транзиција кон циркуларен текстилен сектор и платформата на знаење.
Во текот на настанот беа презентирани методологијата за мерење на емисии (Scope 1, 2 и 3), како и практична сесија во која учесниците работеа на внес на реални податоци од своите компании, со цел симулација и подготовка за ESG/CSRD известување.
Настанот придонесе за зголемување на капацитетите на компаниите за одржливо известување, подобро разбирање на еколошкиот отпечаток и поттикнување на примена на циркуларни и одржливи практики во текстилниот сектор.
Во рамки на работилницата беше презентиран и проектот MISSION4WATER, со цел учесничките компании на настанот да се запознаат со неодамна објавениот отворен повик, кој е насочен кон поддршка на иновативни решенија за намалување на загадувањето на водните ресурси со микропластика во текстилната индустрија. Беше објаснета целта на повикот, можностите за учество на компании и истражувачки партнери, како и потенцијалните области на соработка во развој на технологии и практики за поодржливо управување со водните системи. Презентацијата придонесе кон поттикнување интерес кај учесниците за вклучување во повикот, како и кон унапредување на свесноста за важноста од развој на еколошки решенија и иновации во текстилниот сектор, со фокус на заштита на водните ресурси и промоција на одржливи индустриски практики.
