Учество на македонски компании на саемот за материјали Texhibition Istanbul 2026

Во рамки на меѓународната соработка и унапредување на текстилната индустрија, беше реализирана посета на Интернационалниот саем за текстилни материјали Texhibition Istanbul 2026, кој се одржа од 4–6 март 2026 година во Истанбул Експо Центарот, Турција.
Настанот беше организиран од Текстилниот кластер, со цел поддршка на македонските компании во нивната интернационализација, следење на најновите трендови и воспоставување нови деловни контакти.

Саемот обедини над 400 водечки компании од индустријата на текстилни материјали, со фокус на иновации, одржливост и современи решенија во производството на ткаенини. Во рамки на програмата беа одржани и бројни семинари и работилници посветени на дизајн, производствени процеси и зелени технологии.
Во посетата учествуваа следните компании од Република Северна Македонија: АЛБАТРОС Штип, Елвиет Триумингс ЛТД, X-FASHION, Next Gen Garments, INNACO MAC, Златекс, Дамјанов Дел, Еуросолид, Исткомерц Санда, Лонгуров, Кули и ЛАРС.
Ова учество придонесе за зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во текстилниот сектор и отвори можности за нови партнерства и бизнис соработки.

