Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер учествуваше на првата ECA Cluster Conference 2025 во Мадрид

Текстилното Трговско Здружение – Текстилен кластер учествуваше на првата ECA Cluster Conference 2025, одржана на 10–11 декември во Мадрид.
Конференцијата, организирана од European Clusters Alliance, собра над 100 претставници од кластер организации, институции, Европската комисија, регионални и меѓународни чинители, кои преку инспиративни говори, примери на добри практики и конструктивни дискусии ги отворија клучните прашања поврзани со предизвиците и потребите на европскиот кластер екосистем.
Во рамки на конференцијата беше остварена и дисеминација на проектите VERDEinMED и Mission4Water, кои Текстилното Трговско Здружение – Текстилен кластер моментално ги реализира. Проектите беа претставени како примери за унапредување на циркуларната економија, одржливото управување со ресурси, развојот на зелени иновации и зајакнување на меѓусекторската соработка на регионално и европско ниво.

Настанот овозможи и вредна можност за вмрежување, размена на искуства и воспоставување нови контакти, како и за идентификување потенцијални синергии помеѓу европските иницијативи и проектни активности.
Продолжуваме активно да придонесуваме кон европскиот кластер екосистем и да ја истакнуваме важноста на кластерите како двигатели на иновации, конкурентност и одржлив развој, преку имплементација на проекти кои адресираат реални предизвици поврзани со одржливоста и управувањето со ресурси.
