Презентација на IPA проектите пред меѓународни студенти на Машинскиот факултет

Нашите два проекти од ИПА програмата на Европската Унија: @verdeinmed IPA EURO MED & @mission4water IPA ADRION) беа презентирани на Машинскиот факултет во Скопје пред над 60 студенти, гости од Германија од International Business Degree Program. Пред студентите ги презентираа своите компании и две наши членки: @blackbello.design и @textilesolution @majaaceski. Студентите водени од Проф. Martin Kornmeier & Проф. Радмил Поленаковиќ, покажаа голем интерес за индустријата и посебно за делот на одржливи практики, заштита на околината и управување со текстилен отпад. Студентите поставија низа прашања и ги презентираа нивните идеи за наша соработка со компании од Германија каде тие вo моментот се на пракса. Накратко, одличен Networking 👥👥

