6 членки на Текстилниот кластер учествуваа на саемот Munich Apparel Source 04-06 септември 2018

Шест текстилни компании, членки на Текстилниот кластер учествуаа на саемот Munich Apparel Source, кој се одржа во Минхен, Германија, од 4-6 септември 2018 год. Улеството на саемот беше организирано од страна на Текстилниот кластер, со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ и SIPPO - Швајцарија.
Македонските текстилни компании Еуросолид, Астибо Фешн груп, Кули, Метас, Окитекс и Албатрос на македонскиот национален штанд ги презентира своите производни можности пред многубројните посетители од Европа. Воедно на саемот се направи промоција на макеодонската текстилна индустрија и можностите за производство преку презентација на Текстилниот кластер на форумот организиран од страна на саемот.
Истовремено во Минхен се одржа и Саемот зa набавка на материјали и модни додатоци Munich Fabric Start, каде македонските текстилни компании имаа можност да ги запознаат новите услуги, производствените методи и комплетните решенија во производство на текстил и облека. Двете саемски манифестации нудат компатибилни содржини и овозможуваат ексклузивен пристап до текстилните материјали и синхронизирана понуда на производствени модели, поедноставувајќи ја логистиката на набавки во текстилната индустрија.