Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер домаќин на 5ти VERDEinMED партнерски состанок и 2-та VERDE Академија | 16–17 декември 2025

На 16 и 17 декември 2025, Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) беше домаќин на 5-тиот VERDEinMED состанок на проектните партнери и 2-та VERDE Академија, кои се одржаа во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот беше организиран во рамки на проектот VERDEinMED и имаше за цел унапредување на соработката меѓу проектните партнери и релевантните засегнати страни, како и поддршка на транзицијата кон циркуларна економија во текстилниот сектор.
Дводневниот настан опфати интерна работна средба на проектните партнери, посветена на напредокот на проектот, разгледување на досегашните резултати и координација на следните активности со цел негово успешно завршување во 2026 година. Во рамки на настанот се одржа и 2-та VERDE Академија, коорганизирана од ТТЗ-ТК и DIADYMA SA, со фокус на општинските практики за повторна употреба на облеката.

VERDE Академијата беше насочена кон развој и примена на практики за повторна употреба на текстил, преку воспоставување центри за повторна употреба, развој на циркуларни бизнис модели и усогласување со ЕУ Стратегијата за одржлив и циркуларен текстил, како и со Рамковната директива за отпад. Преку размена на знаења и искуства, беа разгледани можностите за јакнење на локалните капацитети и улогата на јавните институции, операторите и креативниот сектор во овој процес.
Во рамки на првиот дел од настанот со свои излагања учествуваа Крисовалантис Кетикидис, проектен менаџер од CERTH, Катерина Гианакиула, експерт за животна средина, MSc, од DIADYMA SA – Оддел за програми и проекти, како и Александра Атанасовска, проектен менаџер на проектот RU READY во Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола.

Како продолжение на дводневниот настан, се одржа и национална работилница (National VERDE Academy), на која беа презентирани македонската законска рамка и регулативите поврзани со управувањето со текстилен отпад, нивната усогласеност со европското законодавство и импликациите врз општините. Дополнително, беа претставени активностите на колективните постапувачи за текстил, тековните практики и инфраструктурата за управување со отпад, како и иновативни пристапи за вклучување на заедницата. Во рамки на работилницата беа презентирани и дизајнерски практики во циркуларната економија, со посебен осврт на социјалното влијание на upcycling модата.
На националната работилница со свои излагања учествуваа Маријана Перковска, претседател на Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер, Ана Каранфилова Мазнева, раководител на Одделението за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Евгенија Најдоска, менаџер на Организација за проширена одговорност на производители во ТЕКСОМАК, како и Ирина Тошева, моден дизајнер, која се осврна на циркуларните практики и социјалното влијание на upcycled модата.

Настанот беше модериран од Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер и проектен менаџер на VERDEinMED проектот.
Настанот овозможи конструктивна размена на искуства и практични согледувања, како и зајакнување на соработката помеѓу институциите, јавните претпријатија, колективните постапувачи и креативниот сектор, во насока на воспоставување поодржлив, поциркуларен и функционален систем за управување со текстилен отпад.