Учество на Текстилниот кластер на панел-дискусија од проектот „Еко дијалог кон ЕУ“

Извршниот директор на ТТЗ-Текстилен кластер на покана на проектните партнери имаше чест да биде панелист на настанот кој го означи почетокот на Проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“ кој се одржа во Скопје 19.06.2025 година. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) во партнерство со здружението „Конект“ KONEKT Skopje и здружение „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје. Циркуларната економија и управувањето со отпадот е важен сегмент од нашиот живот. Преку активностите на проектот ќе се промовира меѓусекторски дијалог и соработка, управување и реупотреба на отпад, ќе се зајакне граѓанското општество за застапување на политики, а како резултат на проектот граѓанските организации, бизнис заедницата, релевантни институции, како и единиците на локалната самоуправа ќе учествуваат поактивно во креирањето и спроведувањето на еколошки политики.

Извршниот директор на настанот направи и презентација на два проекти од ИПА програмата на Европската Унија: VERDEinMED IPA EURO MED & Mission4Water IPA ADRION кои Текстилниот кластер во моментот ги реализира со цел изнаоѓање на можни начини на соработка помеѓу проектите, како и заинтересираните страни присутни на настанот. На промоцијата, присуствуваа над 40 претставници од ГО и бизниси, особено активни на полето на екологијата во земјава, кои ја нагласија важноста на соработката за поттикнување на еколошки промени во нашата заедница, промовирање на поодржлива иднина, развој на зелени и чисти технологии и сл.



Следете ги и вклучете се во проектните активности!