Успешно учество на 6 копмании на саем А+А





















Од 25.10.2021 до 29.10.2021 беше одржан А+А саем за работна облека во Дизелдорф.

На саемот беа присутни 1204 изложувачи од 56 нации и повеке од 25 000 посетители. Со овие бројки А+А и истовремено одржаниот мегународен конгрес за заштита при рбаота – повторно јасно ја рефлектираа значително зголемената релевантност на безбедноста на рботно место.

Шест домашни компании Ларс, Албатрос, Евроџинс,Златекс, Текстил Солушн и Еуросолид од текстилната индустрија од Македонија од 26 до 29 октомври за прв пат со национален штанд под брендот Invest North Macedonia се претставуваа на претижниот настан на А+А саемот за безбедност, заштита и здравје при работа. Учеството на саемот беше поддржано од Швајцарската програма за подршка на извозот (SIPPO) и Текстилното Трговски здружение – текстилен калстер. Ова беше одлична шанса и можност на компаниите да ги презенитраат своите производи пред илјадници компании и посетители со што би ги продлабочиле своите извозни вредности на германскиот пазар и пошироко, а со тоа би се зголемиле нарачките и производството на овие, но и на останатите текстилни компании кај нас.

На саемот повеќе од кога било, фокусот е ставен на здравјето на луѓето. Пандемијата и хигиенските теми одиграа централна улога на А+А 2021 година, заедно со најновите случувања во иновативна заштитна опрема. Воедно мегатрендовите како што се дигитализација и одржливост беа исто така меѓу клучните теми на овогодишниот саем. Изложувачите беа многу задоволни од резултатите од А+А 2021. 94% од изложувачите потврдија дека повторно ке учествуваат на А+А саемот во 2023 година. Повеќе од 25.000 трговски посетители од Германија и други Евроспки земји го посетија овој меѓународен саем. Посетителите собраа информации за најновите трендови во областа на безбедност при работа, унапредување, и копоративно здравје и управување со безбедноста на комапниите. Повеке од 90% изјавиле дека ги постигнале своите цели за присуство на саеми и дале многу добра вкупна оцена. Трговцките посетители можеа сами да се уверат во иновативната моќ на изложувачите и нивните решенија за иднината на Start up зоната. Без разлика дали станува збор за здраствени апликациим иновативни услуги или високотехнолошки текстил, стартапите на А+А 2021 го збогатија асортиманот на изложеност на овој саем со свежи идеи.