Текстилниот кластер организатор на семинар на тема “OEKO-TEX СЕРТИФИКАТИ, МОТ стандарди, социјално претприемништво и социјални стандарди” (19.07.2018 Скопје)

Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер на Македонија, во соработка со компанијата Weis Консалтинг од Ашафенбург, Германија и OETI - Институтот за екологија, технологија и иновации, член на OEKO-TEX групацијата, на 19.07.2018 година во Скопје, организираше семинар на тема “OEKO-TEX СЕРТИФИКАТИ, МОТ стандарди, социјално претприемништво и социјални стандарди”. Презентацијата на темите направија домашни презентери, а своја презентација на темата OEKO-TEXСЕРТИФИКАЦИЈА имаше врвен експерт од Виена, дипломиран инженер - менаџер на одделот за екологија при OETI - Институт за екологија, технологија и иновации,член на OEKO-TEX групацијата.