Купувачка мисија 2024 саем Истанбул – Турција

Текстилниот кластер во соработка со Турската амбасада - Канцеларија на трговскиот советник, организираше купувачка мисија на саемот за тектилни машини ITM 2024. ITM Меѓународниот саем за текстилни машини за шиење, предење, плетење, ткаење, боење, печатење, завршна обработка и чорапи, се одржа од 4 ти до 8 ти јуни 2024 во TÜYAP конгресен центар, Истанбул – Турција.Неколку текстилни компании членки на Текстилниот кластер земаа учество на настанот како посетители и имаа можност да видат повеќе од 1000 компании производители на текстилна технологија кои ги презентираа своите најнови модели. ИТМ е најголемиот саем во Турција и во регионот, и е меѓу најважните изложби во светот.