Таргетирана matchmaking компаниcка посета во рамки на проектот MISSION4WATER

На 9 февруари 2026 година, ТТА – Текстилен кластер организираше таргетирана matchmaking компаниcка посета во Фармахем во Скопје, со учество на Фармахем и ИСТ КОМЕРЦ – САНДА, со цел да се истражат можностите за соработка поврзани со одржливо производство, третман на отпадни води и иновации за заштита на водните ресурси. Активноста беше организирана во рамки на проектот Mission for Water. За време на состанокот беше презентиран и Повикот за изразување интерес како рамка за потенцијални заеднички иницијативи.