Семинар 02 Нови стандарди за спроведување на 17-те цели за одржлив развој

На датум 13.09.2022 до 16.09.2022 беше одржан семинар за Нови стандарди за спроведување на 17-те цели за одржлив развој.

Целна група на овој семинар беа Дизајнери и техничари од модна индустрија, професори и предавачи/ оддел за дизајн на текстил и облека.Дизајнери и техничари од компании членки на Текстилниот кластер  (Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер), дизајнери членки на Македонската модна асоцијација- Концепт Моден Кластер, професори и предавачи од Универзитетот Гоце Делчев  во Штип /  Технолошко -Технички факулет.

Цел на обуката беше да се пропознаат предностите на социјалната и еколошката заштита како и економските цели на одржлив развој, да се идентификуваат можностите во делот на одржлив развој кои произвегуваат од текстилната индустрија, како и да се препознаат претприемничките модели во општествените промени. Обуката содржеше теоричен и практичен дел.

 Теоретскиот  дел се состоеше од :

-        Етикавредност и социјални стандарди во синџирот на снабдување во текстилната индустрија.

-        Закон за синџир на снабдување во Германија/ ЕУ и неговото влијание на производителите и добавувачите на облека

-        Цели за одржлив развој на Обединети нации


Практичен дел:

-        Имплементација на Целите на одржлив развој во фиктивен процес на развој и производство на производи

Во агендата за одржлив развој до 2030 година, Обединетите Нации дефинираат глобален акционен план.  Основата за ова е формирање 17 одржливи развојни цели  со нивните 169 подцели. Политиката, бизнисот и граѓанското општество се подеднакво повикани да дадат свој придонес во остварување на целите.

Во практичниот дел на семинарот, учесниците поделени во тимови се запознаа со проблемите во целиот синџир на набдување на облека, со техниките за иновации и интеграција, а крајниот резултат е порименување на синџирот на вредности во пракса.


Семинарот беше одржан на англиски ајзик со превод на македонски.