Семинар за основни знаења (Одржливост и општествена и корпоративна одговорност) 05-08.04.2022

Во склоп на проектот поддржан од GIZ и компанија Хатико, на 05.04 – 08.04.2022 година во Универзитет Гоце Делчев, Штип се одржа семинар за основни знаења на тема “Одржливост и општествена и корпоративна одговорност”. Присутни учесници на обуката, кои беа и целна група беа дизајнери, техничари и професори од текстилни компании и образовни институции членки на Текстилниот Кластер и Македоснкото Модно Здружение - Концепт моден кластер. Настанот се одржа во соработка со Универзитетот Гоце Делчев во Штип / Технолошко-технички факултет. Цел на семинарот беше пренесувањето на основни знаења и подигање на свеста во областа “Одржливост во конфекцјата и текстилната индустрија”, а стекнатото знаење ќе се продлабочи и преку работилница во пракса.
Во практичниот дел од семинарот беше покажано како облеката може да се развие и произведе користејки ги принципите на екодизајн, а во исто време да се земат во предвид еколошките и економските аспекти. За време на обуката беа испитувани различни одржливи техники во дизајнот на производи, и истите беа анализирани и имплмементирани во производството на облека преку вежби во мали тимови. Посебен фокус се даде на техники и теми како што се принципот од лулка до лулка, рециклирање нула отпад, долговечност, можност за обновување, енергетска ефикасност, ниско ниво на проблематични материјали и обновливи суровини.
Целта е на крајот од работилницата учесниците да можат да ја користат методологијата за креативен дизајн, сами или во тим, практично да развијат производи и колекции од аспект на еко -дизајн, при што еколошките аспекти се повеќе ќе бидат земени во обзир.