Работилници за циркуларна економија во текстилниот сектор во соработка со СИППО Македонија (30/31 мај 2024)

Работилници за циркуларна економија во текстилниот сектор во соработка со СИППО
Македонија (30/31 мај 2024)
Текстилниот Кластер во сработка со Швајцарските програми за поддршка Swiss Import Promotion Programme (SIPPO) имплементира активност за поддршка на текстилниот сектор за мапирање на индустрискиот текстилен отпад во нашата земја со цел изнаоѓање на решенија за циркуларна економија.
Во рамките на оваа активност, на 30ти Мај 2024 Текстилниот кластер ги организираше своите членки на работилница на која беа презентирани циркуларни бизнис модели за подобрено управување со текстилниот отпад во нашата земја што претставува една од клучните сегменти кон развој на одржливо работење на компаниите. Циркуларните бизнис модели се развиени на
база на податоци од македонскиот текстилен сектор добиени преку прашалник кој беше доставен до членките на кластерот, како и врз основа на неколку диркетни состаноци со компании од нашата земја.
Настанот беше интерактивна сесија за предизвиците со текстилниот отпад во Македонија, учесниците дадоа придонес со цел согледување на моменталната состојба со отпадот од текстил во Македонија, се разви дискусија за резултатите од спороведеното истражување на текстилниот отпад во Македонија и од предавачите беа предложени два различни кружни деловни модели прилагодени на тековните потреби и предизвици на секторот.
Предавачи на настанот беа госпоѓа Mateja Dermastia која  е извршен директор на Anteja ECG, меѓународна консултантска фирма во сопственост и управувана од жени, посветена на овозможување одржлив економски развој со повеќе од три децении сеопфатно искуство и Господин Jaap Zandbergen кој има огромна позадина во работата со различни култури врз основа на неговите широки искуства за продажба и извори во Јапонија, Кина, Азија, Блискиот Исток, Европа и Северна Америка.
Во склоп на споменатиот проект на СИППО чиј фокус е поттикнување на циркуларните деловни модели и подобрување на индустриските практики преку таргетиран развој на капацитети и соработка, следниот ден 31 мај 2024 со истите искусни предавачи на овие теми беше одржана обука само за тимот на Текстилниот кластер. На работилницата беше направено согледување
на улогата на кластерот во поддршката на своите членови на полето на одржливост и циркуларна економија. Беше направено оценување на тековните практики на полето на циркуларна екомонија, беа предложени нови услуги и модели за циркуларна економија усогласени со одржливите принципи.
Со оглед на тоа што одржливоста станува услов што повеќе нема да претставува предмет на преговори за компаниите, особено имајќи ги предвид зголемените очекувања на потрошувачите и регулаторните тела во ЕУ, текстилниот сектор се соочува со императив да се прилагоди на промените и да ги адаптира наскоите за одржливо производство. Текстилниот кластер преку оваа активност има за цел да дизајнира приспособени модели на кружна економија, фокусирајќи се на намалување на создавањето отпад, промовирање на повторна употреба и рециклирање и минимизирање на влијанието врз животната средина. Понатаму, со
интегрирање на концептите на циркуларна економија, бизнисите ќе можат да ја подобратсвојата конкурентност на меѓународните пазари, обезбедувајќи усогласеност со регулативите, зајакнување на конкурентноста и придонесувајќи за долгорочна одржливост на животната средина.