Прес-конференција - Предлогот на закон за финансиска поддршка на инвестиции 20.04.2018

На 20.04.2018, со почеток во 10 часот, во организација на ТТЗ-Текстилен кластер и Организација на работодавачи на Македонија, беше одржана прес конференција поврзана со поднесениот амандман за измени кон Предлогот на закон за финансиска поддршка на инвестиции. Имено, своја изјава и видување во однос на поднесениот амандман дадоа г-ѓа Маријана Перковска, Претседател на ТТЗ-Текстилен кластер, и г-дин Ангел Димитров, Претседател на ОРМ.
Поднесениот амандман кон Предлогот на закон за финансиска поддршка на инвестиции е поврзан со деловните субјекти во кожарско преработувачката и текстилната индустрија, е потпишан од страна на десет пратеници и се наоѓа во собраниска процедура. Се надеваме дека амандманот ќе биде прифатен од страна на Собранието на Република Македонија и дека ќе стане дел од интегралниот текст на новиот Закон за финансиска поддршка на инвестиции.
Линк со подетални информации за прес конференцијата во продолжение:
https://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/32/134224853