Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Текстилното трговско здружение - Текстилен кластер и TEMSAD од Турција

На 3 јули 2025 година, Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер официјално потпиша меморандум за соработка со Textile Machinery and Accessories Industrialists Association (TEMSAD) од Турција, водечка организација која ги претставува индустриските субјекти од областа на текстилната машинерија и додатоци.

Профилот на членовите на TEMSAD ги опфаќа производителите на текстилна машинерија, резервни делови за текстилна машинерија, како и хемикалии за текстил. Оваа комбинација ја прави организацијата клучен фактор во поддршката на целиот текстилен производствен ланец.
TEMSAD е препознаена по својата улога во унапредување на иновации, технолошки развој и подобрување на производните процеси во текстилната индустрија. Преку својата мрежа, овозможува пристап до најсовремени технологии и пазарни трендови, како на регионално, така и на глобално ниво.
Соработката ќе се фокусира на:
- Редовна размена на информации
- Организација на симпозиуми, работилници и настани во Северна Македонија и Турција
- Промоција на деловни можности и поврзување со компании со висока деловна репутација
- Поттикнување инвестиции и заеднички иницијативи во трговија, производство, развој и истражување
Оваа стратешка соработка претставува значаен чекор за Текстилниот кластер, којшто преку глобални партнерства продолжува да го поддржува одржливиот развој, конкурентноста и иновациите во македонската текстилна индустрија.
