Interreg IPA-CBC БГ/МК - Учениците од Штип во посета на текстилни фабрики и подготовка на колекции

Посета на фабрики Фам Моде и Лиена - Штип

На 06.02.2020 год.  во склоп на проектот Interreg IPA-CBC Бугарија - Макеоднија ‚‚Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region‚‚ претставниците на Текстилниот кластер заедно со дизајнерката Ирина Тошева и ученици од основното училиште "Гоце Делчев " и гимназијата    "Димитар Мирасчиев" ги посетија фабриките Линеа и Фам Моде.

Најнапред во основното училиште"Гоце Делчев " дизајнерката Ирина Тошева ги запозна учениците од 9 тото оделение со поимот  smart technology, и низ презентација им обајсни нешто повеке околу нивните задачи кои што тие ќе треба да ги извршат во текот на наредниве неколку месеци.

После презентацијата заедно со учениците од основното и средното училиште се направи посета во фабриките Фам Моде и Линеа, каде што учениците можеа да го видат целиот процес на производтсво на облека  и каде што им беше одржана кратка  инспиративна работилница која ги потикна да размислуваат за оптимизацијата на  процесот на производство.

Учениците изјавија дека ова ќе биде добро понатамошно искуство  за нив бидејќи  не секој се соочува со вакво искуство  да  го види целиот начин на производтсво и на изработока на еден производ .

На крај  Текстилниот кластер во гимназијата  "Димитар Мирасчиев"  одржаа  кратка презентација за целите и задачите на проектот а дизајнерката им презентираше слики од модели и им даде  насока на учениците  за изработка на колекции .  Потоа следеше и делот во кој учениците можеа да постават прашања и во кој што можеа да ги кажат своите размислувања во врска со темата на која што беше зборувано. Колекциите ќе бидат изработени со донација на материјали од страна на текстилните компании.