ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – ПРИМАТЕЛИ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Проектот VERDEinMED го објавува овој Повик за пријавување со цел да изберат компании кои сакаат да добијат специјализирана техничка помош во областа на одржливоста и циркуларната економија за текстилниот сектор. Избраните компании ќе добијат консултантски услуги, коучинг, обуки и менторство обезбедени од локални ментори.



1. Цел на проектот VERDEinMED


VERDEinMED е иницијатива финансирана од ЕУ преку програмата Interreg Euro-MED, со цел да се поттикне одржливоста во текстилниот сектор преку:




  • Минимизирање на текстилниот отпад

  • Поттикнување на одржливо производство и потрошувачка

  • Поддршка на стратегии за циркуларна економија


2. Подобни учесници


Овој повик е отворен за компании и организации од текстилниот и конфекцискиот сектор кои сакаат да ги подобрат своите практики за одржливост и да применат решенија за циркуларна економија. Подобните компании треба да бидат спремни да учествуваат во прилагодени програми за консултации, обуки и менторство со цел да го подобрат своето еколошко работење и конкурентност.



3. Опфат на услугите


Избраните компании ќе имаат пристап до специјализирана поддршка од локални ментори со цел подобрување на нивното влијание врз животната средина и оперативната ефикасност.
Соодветните услуги за поддршка може да се избираат од листата подолу за кои проектот обезбедува соодветни локални експерти.



3.1 Листа на услуги и области на поддршка


Достапните услуги вклучуваат:


А. Приватни/групни консултации – Персонализирани советодавни услуги за решавање на предизвиците поврзани со одржливоста специфични за текстилната индустрија




  • Коучинг – Стратешко водство за интегрирање на принципите на циркуларната економија во бизнис операциите

  • Обука – Едукативни програми, работилници и активности за градење капацитети, прилагодени на потребите на текстилните компании

  • Менторство – Континуирана советодавна поддршка за олеснување на усвојување на најдобрите практики и иновативни решенија


Областите на поддршка вклучуваат:


A. Услуги за поддршка на одржлива иновација на производот (екодизајн, втор живот на производите, иновации во материјалите)


B. Услуги за поддршка на одржлива иновација на процеси (циркуларни иновации, поврат на материјали, рециклирање, минимизирање на отпадот)


C. Сертификати за одржливост на производи/процеси (LCA, EcoLabel, EPD)


D. Нови меѓународни правни и регулаторни стандарди и ознаки (GOTS, OEKO-TEX, Fair Trade, BSCI, SEDEX/SMETA)


E. Услуги за климатски промени (пресметка на јаглероден отпечаток, стратегии за нулта емисија, проценка на климатски ризици)


F. Услуги за циркуларна економија (системи со затворен циклус, намалување на отпадот, системи за проширена одговорност на производителот – EPR, шеми за враќање на производи)


G. Услуги за сертификати и политики (политики за одржливост, усогласеност, обука за сертификација)


H. Оптимизација на производствени системи (lean производство, енергетски ефикасни машини, системи за мониторинг)


I. Услуги за управување со енергија (енергетски ревизии, интеграција на обновливи извори на енергија, оптимизација базирана на аналитика)


J. Усогласеност со еколошкото законодавство (правни ревизии, усогласеност на бизнисот, трговски регулативи)


K. Развој на одржливи бизнис модели (корпоративни стратегии за одржливост, вклучување на засегнатите страни, зелени иновации)



3.2 Финансиска поддршка


Проектот нема да обезбеди директна финансиска поддршка за избраните компании (на пр. во форма на ваучери, грантови или издавање на сертификати).



3.3 Временска рамка


Избраните компании ќе добијат техничка поддршка во периодот од 15 септември 2025 до 31 декември 2025 година.



4. Аплицирање и услови за постапка


За да аплицираат, компаниите треба да достават пополнет и потпишан образец за пријава.
Образецот треба да биде испратен по електронска пошта со наслов: „Барање за техничка поддршка од VERDEinMED“ на ttatextileclusterofficial@gmail.com најдоцна до 31 јули 2025.



5. Критериуми за евалуација


Кандидатите треба да бидат македонски компании кои работат во областа на модната индустрија: дизајнирање, конфекционирање, доработка, колективно постапување и управување со отпад од текстил, рециклирање на отпад од текстил и др.
Одобрувањето ќе се врши по редоследот на пријавување, до исцрпување на предвидените средства.
Секој апликант може да поднесе една апликација во една или неколку зададени области.



6. Избор и транспарентност


Откако ќе бидат поднесени пријавите, ќе започне фазата на евалуација, која ќе заврши со идентификација на компаниите примени за услугата.
Листата на избрани компании ќе биде објавена на веб-страницата на VERDEinMED.
Проектниот тим си го задржува правото да спроведува ревизии и следни евалуации.



7. Одрекување од одговорност


Учеството во овој повик не гарантира избор на пријавениот или доделување на задачи. Сите доделувања ќе зависат од потребите на проектот и специфичните барања утврдени за време на процесот на избор.