Одржана обука за текстилниот Кластер во насока јакнење на својот капацитет со цел по успешна имплементација на активностите и нудење на поквалитетни услуги на своите членки

Текстилниот кластер во насока на јакнење на својот капацитет со цел поуспешна имплеметација на активностите и нудење на поквалитетни услиги на своите членки, во организација на СИППО Македонија беше дел од работилница за проценка на организациски капацитети на база на OCA алатката.

Обуката беше одржана на 17 мај 2024 со локален експерт во областа. Беше оценет моменталниот капацитет на Текстилниот кластер во следните области: испорака на услуги; институционално зајакнување (стратегија и мониторинг и мерење на резултатите); мрежа и соработка; дигитализација; и одржливост.  После обуката се изработи документ за областите кои се јаки страни на Текстилниот кластер кои треба да се негуваат и континуирано подобруваат, и за деловите кои треба да бидат подложни на промени и подобрувања, како и оценка на деловите за придонесот на SIPPO за промените во капацитетот.