Започна новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија - Северна Македонија

"Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  Јули 2019 - Септември 2020"


  • Овој проект ќе влијае на прекуграничниот регион Бугарија - Македонија на многу начини. Прво, ќе го поддржи развојот на индустријата за облека и текстил која инаку игра значајна улога во производството и извозот на индустријата, од двете страни на границата. Покрај тоа, проектот ќе овозможи приближување кон посакуваната слика за текстилната индустрија што ги следи строгите регулативи и барања на ЕУ во однос на квалитетот, добрите услови за работа и сигурноста во снабдувањето на производи со висок квалитет. Проектот ќе го промовира потенцијалот за раст на текстилната индустрија во регионот, бидејќи светските текстилни трендови се совпаѓаат со конкурентските предности на регионот, во однос на блискоста до најголемите трговски центри во Европа, во однос на модерната опрема и подготвеност за прифаќање на мали нарачки со брзи рокови на испорака. Модерен и пазарно ориентиран текстилен сектор во регионот ќе изврши пошироко влијание врз целокупното социјално опкружување. Тоа ќе го олесни проблемот со економската миграција од регионот и силно ќе придонесе за целокупната благосостојба на населението во прекуграничниот регион од обете страни.


Партнери: Браншова организација за текстил и облека - Кустендил, Бугарија и Текстилно трговско здружение- Текстилен кластер - Штип, Северна Макеоднија

Текстилната индустрија е важен столб за економски развој во прекуграничниот регион. Индустријата вклучува повеќе од 120 компании од двете страни на границата, вработувајќи повеќе од 30% од работната сила. Зголемената глобална конкуренција ја стави индустријата пред многу предизвици, како што се намалување на пазарот на трудот, влошување и постоење на нелојална конкуренција. Текстилната индустрија во регионот ја покажува способноста за брз одговор и адаптација кон потребите на клиентите. И нејзината виталност и агилност се сметаат за големи предности на прекуграничниот регион. Сепак, секторот страда од недостаток на млада и образована работна сила, како едно од најголемите ограничувања за развој на конкурентноста на индустријата. Поради овие проблеми, постои потреба за заеднички перформанси на сите засегнати страни во индустријата во поглед на развивање на заеднички имиџ на индустријата, преку соработка, обука на засегнати страни и пристап на заеднички пазари. Проектот предлага решенија на погоре споменатите проблеми преку поттикнување на регионален имиџ на индустрија која е општествено и етички одговорна. Работните средби, форумите за работилници и печатените материјали ќе ја промовираат текстилната индустрија во регионот. Проектот, исто така, ќе продолжи со активностите на регионалната марка за квалитет Доверливата Балканска облека, ќе ја поддржи модернизацијата на индустријата и ќе подготви политика за текстилната индустрија 2050, ќе произведува Атлас на текстилната индустрија и ќе поттикне активна соработка на сите засегнати страни