Дигиталната трансформација го трасира глобалниот пат за текстилната индустрија



Дигиталната трансформација го трасира глобалниот пат за текстилната индустрија.

 Дигитализацијата и иновациите се клучни за успехот на текстилната индустрија. Текстилниот кластер се обидува да ги достигне најновите достигнувања за својот развој како и во корист на своите членки. Во таа насока ТТЗ- Текстилен кластер во организација на SIPPO Македонија на 4 јуни 2024 беше дел од обука за користење на Linked In. На обуката беа разработени темите за воведување на нови функции на Linked In, како да се креираат содржини пред, и за време на настани со цел да се првлеќе внимание подобра посетеност на настаните и поголем број контакти, и сл. Беа правени практични вежби за правење на Стратегии за ефективни последователни комуникации и интегрирање на Sales Navigator во продажните и маркетинг процеси.