Втор проектен состанок на Fashion Employment Hub во организација на ТТЗ-Текстилен кластер (02.06.2022)

Во организација на ТТЗ-Текстилен кластер, како партнер во проектот Fashion Employment Hub, на 02 јуни 2022 се одржа 2-от состанок на тимот на FashionEmployment Hub онлајн преку ЗООМ платформата, со претставници од сите 4 проектни партнери. Проект-менаџерот од Текстилно трговско здружение – Текстилен кластер, г-ѓа Наташа Сивевска им посака добредоје на сите партнери на проектот на вториот состанок за да се види напредокот во имплементацијата на проектот. На средбата сите партнери ја презентираа нивната моментална состојба и реализираните активности до сега. Најголем дел од партнерите во претходниот период се фокусираа на подготовка на тендерска документација, дел од нив се во процес на подготовка на документацијата,дел поради измена на буџетот се подготвуваат да започнат со процесот, а дел од партнерите веќе распишаа некои тендери. Водечкиот партнер подготви план за комуникација и дисеминација на резултати, како и печатен и електронски информативен материјал.Во однос на Планот за набавки – табела на расходи (FLC), партнерите разговараа какви трошоци направиле до сега, до каде се тендерските постапки, дали имаат направено
табела на расходи и дали побарале FLC. Тие ја презентираа моменталната состојба, договорената сума до овој момент и испораките од тие договори, ја образложија прогнозата на расходите во моментот и дадоа одреден проценет датум на барањето за FLC и одредена проценета сума на FLC, како и за плаќањата некоја проценeta сума.Сите партнери планираат да побараат FLC за периодот на известување до 15 јули. Сите четворица партнери во наредниот период планираат да распишуваат тендери за потребите на реализацијата на проектот, а дадоа и проценети датуми за реализација
на активностите. Во следниот период ќе започнат и дел од програмите за обука. Предвидениот датум за отворањето на настанот во Струмица во организација на проектниот партнер 4 е средината на септември 2022 година. Следниот проектен состанок на прокетниот тим ќе се одржи во Струмица во
септември/октомври 2022 година и точниот датум ќе биде договорен меѓу партнерите преку е-комуникација.